В НЕДЕЛА Е БИТКАТА ЗА СВЕТСКАТА ТИТУЛА

Кој е фаворит според обложувалниците, Франција или Хрватска?

Наскоро ќе го дознаеме новиот фудбалски владетел, останаа уште два натпревари до крајот на Мундијалот во Русија.

објавено: 12 јули 2018 - 13:00

„Коцкестите" ќе имаат голема шанса да им се одмаздат на „триколорите" за поразот пред 20. години на СП 1998.

Гледајќи ги квотите во обложувалниците, Франција е голем фаворит за освојување на златото.

Квотата за победа на избраниците на Дешам според „бет365" изнесува 1.90, додека коефициентот за триумф на Хрватите е дури 4.33. Обложувалниците очекуваат еден тврд меч со помал број голови.

Најново во Меѓународен Фудбал