НЕЗАБОРАВНО ФИНАЛЕ НА ЕП ВО БЕЛГРАД

КОГА СМЕ КАЈ ПЕНАЛИТЕ: 42 години од легендарната „Паненка“! (Видео)

Иако не станува збор за Светско првенство, вреди да се издвои овој незаборавен потег кој што ќе остане во историјата на фудбалот.

објавено: 20 јуни 2018 - 14:45

Само во првото коло беа изведени голем број на пенали на годинешниот Мундијал во Русија, но никој досега не се осмели да го повтори потегот на легендарниот Антонин Паненка.

На денешен ден на Европското првенство во 1976 година во Белград во финалето играа Чехословачка и Западна Германија.

После одигрувањето на продолженијата резултатот беше 2:2, по што се стапи на ударите од белата точка.

Првите седум пенали беа реализирани, Хенес шутираше над голот, а редот му дојде на Антонин Паненка кој можеби го изведе најубавиот шут во фудбалот за титула на Чехословаците.

Најново во Меѓународен Фудбал