ТРЕНЕРОТ НА ЛИВЕРПУЛ Е ПОЗИТИВНО ИЗНЕНАДЕН

Клоп: Не е нормално како игра Шаќири

Германскиот стратег не очекувал дека швајцарскиот репрезентативец ќе биде толку добро засилување за тимот од „Енфилд Роуд“

објавено: 30 јули 2018 - 10:10

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп не очекувал дека Џердан Шаќири ќе биде толку добро засилување за тимот од „Енфилд Роуд". Швајцарскиот репрезентативец пред неколку дена потпиша за Ливерпул и уште на стартот одлично се вклопи во новата средина. 

На дербито против Манчестер Јунајтед одиграно на турнирот на шампиони во САД, Шаќири даде прекрасен гол со „ножички“. Клоп едноставно е изненаден од играта на новиот играч.

„Не е нормално по само четири дена поминати во клубот, така добро да се адаптира на нашиот стил на игра. Сакавме да му помогнеме да се вклопи на позицијата на теренот, но тој покажа дека е многу подобро отколку што очекувавме. Погодокот против Манчестер Јунајтед е многу добар момент за неговата кариера. Тој е играч кој има големо искуство стекнато во Баерн Минхен, Стоук и Интер“, вели Клоп за играта на Шаќири. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал