И тоа се случува

Ќе се преигрува натпревар, поради нестандардни димензии на теренот!?

објавено: 16 ноември 2018 - 18:00

Средбата од прбото коло на женскиот ФА куп на Англија, меѓу екипите на Кембриџ сити и Кембриџ Јунајтед најверојатно ќе мора да се одигра одново. Причина, теренот на кој е одиграна не бил според пропишаните димензии!?

Кембриџ Сити го доби мечот со 2:1, но од Јунајтед се жалеа до ФА дека средбата е одиграна на премал терен, кој не соодветствува со прописите на фудбалската игра. Теренот на кој е одигран мечот е „Тринити Филдс“ кој е долг 94 метри и широк близу 59 метри. Тоа е за 14% помалку од стандардите.

Според прописите, стадионите на кои се играат женските натпревари мора да бидат широки најмалку 64 метри и долги 100 метри. ФА одлучи средбата да биде преиграна, па закажа и нов датум на 25 ноември и нов терен, „Милденхол Таун“.

Најново во Другата страна на спортот