БУРНО БИЛО ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Кин: Требаше да му ја „скинам“ главата на Квеироз

Ирецот откри каков бил неговиот однос со поранешниот помошник менаџер на „црвените ѓаволи“, Карлос Квеироз.

објавено: 21 јуни 2018 - 20:30

Квеироз му беше асистент на Сер Алекс Фергусон во периодот 2002-2003 пред да ја преземе улогата како тренер на Реал Мадрид.

Но, по неуспешниот престој на „Бернабеу", Квеироз се врати во тимот на Фергусон летото 2004. година.
И Кин, кој тогаш ја носеше капитенската лента, откри дека влегол во судир со португалскиот стратег:

„Тој е одличен стратег заедно со многу други тренери со кои соработував во Јунајтед. Повеќе спремаше тактика за дефанзивниот дел, имавме добри односи особено за време на неговиот прв престој.

Но, кога се врати од Реал, покажуваше непочитување кон мене, па и клубот доживеа мал пад во игрите.
Ја доведе во прашање мојата лојалност и му кажав каде да оди. Жалам што можеби требаше да му ја искинам главата", рече поранешниот репрезентативец на Република Ирска, Рој Кин.

Кин го напушти Јунајтед со взаемна согласност во ноември 2005. година после конфликтот со Фернандез, но Квеироз остана асистент до 2008, кога официјално стана селектор на Португалија.

Квеироз е селектор на Иран од 2011 и успеа да ја одведе селекцијата на Светското првенство во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал