ИНТЕРЕСНО БЕШЕ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ГЕРМАНЦИТЕ

Кедира не наседна на провокација од шведски новинар

Разлилчни мислења околу тоа дали Германците ќе си одат после првиот круг на СП, или ќе останат до крај

објавено: 22 јуни 2018 - 16:55

Играчот за врска Сами Кедира, на прес-конференцијата пред утрешниот меч во Сочи со Шведска, на мангупски начин одговори на провокацијата од еден шведски новинар. Евентуален пораз на Германците од „викинзите“, ќе значи збогување со шансите за одбрана на светската титула од пред четири години. 

„Здраво, јас сум Лудвиг, шведски новинар од весникот Експресен. Ако загубите, можете уште после мечот да се вратите дома. Еве, јас во рацете држам авионски билети за тебе и твоите соиграчи" - беа зборовите со кои новинарот му се обрати на Кедира.

Но, фудбалерот на Јуве брзо смисли соодветен одговор.

„Благодарам, но мислам дека овие билети ќе ни требаат дури на 16 јули" - одговори Кедира.

Најново во Меѓународен Фудбал