ПРАВИЛНИКОТ НА ФИФА Е НАВИСТИНА ЧУДЕН

Казната за чорапи е поголема од албанскиот орел

Светската фудбалска федерација го казни капитенот репрезентативецот на Шведска со 56.000 евра поради различни штуцни. 

објавено: 9 јули 2018 - 15:30

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска федерација (УЕФА) остро го казнуваат секое мешање на политиката во овој спорт. Но, на овој Мундијал видовме дека ФИФА има различен ценовник, и за дел од прекршените правила има различни и чудни парични казни.

Кога сме кај нелогичните одлуки најсвеж пример е капитенот на Шведска Андрес Гронквист, за кого тамошната федерација мора да исплати 56.000 евра само затоа што носел различни шутцни. 

Оваа казна е помалку чудна ако се земат претходните кои ги изрече ФИФА за време на Светското првенство.

-Фудбалската федерација на Русија е казнета со 8.600 евра поради истакнување на нацистички транспарент од страна на фановите на оваа земја за време на мечот со Уругвај.

-Фудбалската федерација на Србија беше казнета со 10,000 долари поради транспарентот на навивачите на дуелот со Костарика, кој беше оценет како „политики и навредлив“.

- ФИФА повторно ја казни Србија, но со 20.000 швајцарски франци поради истата причина, но за време на натпреварот со Швајцарија.

-Кога сме кај Швајцарија, репрезентативците на оваа земја, Гранит Џака и Џердан Шаќири заработија парична казна од 10.000 швајцарски франци за албанскиот симбол (двоглавиот орел) со кој ги прославија головите против Србија

-Хрватскиот репрезентативец Домагој Вида мина само со опомена за видео-клипот на кој порача „Слава Украина“ по триумфот над Русија. 

.

 

Најново во Меѓународен Фудбал