ИТАЛИЈАНСКИОТ СТРУЧЊАК НА ФИФА ЦЕРЕМОНИЈАТА СО КРИТИКИ

Капело ги „нападна“ Меси и Роналдо: Како не ви е срам...!

Прославениот тренер ги критикуваше Лионел Меси и Кристијано Роналдо поради фактот што не се појавија на ФИФА церемонија во Лондон каде што вчера се прогласуваа најдобрите.

објавено: 25 септември 2018 - 19:00

Потсетување, дека капитенот на хрватската репрезентација и фудбалер на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар играч на светот, а покрај него номинирани беа уште Роналдо и Салах.

На синоќешната церемонија во Лондон присуствуваа скоро сите играчи, освен ѕвездите на Јувентус и Барселона, посебна критика кон Роналдо и Меси упати Фабио Капело кој вели дека овие двајца фудбалери не покажале почит.

„Фактот дека не се појавија на церемонијата покажува дека немаат респект кон фудбалскиот свет, кон ФИФА. На пример, на доделувањето на „Оскарите" присуствуваат сите номинирани. Да, тие можеби премногу пати освоиле вакви награди, а од друга страна изгледа не сакаат да губат. Во животот мора да бидете добри и кога победувате и кога губите", рече Капело.

Модриќ на тој начин ја прекина повеќегодишната доминација на Португалецот и Аргентинецот кога станува збор за оваа награда, а сега Хрватот е најголем фаворит и за освојување на „Златната топка".

Најново во Меѓународен Фудбал