НЕУСПЕХОТ НА МУНДИЈАЛОТ ГИ НАЛУТИ НАВИВАЧИТЕ

Камења и јајца како пречек за Бразилците (Видео)

Фановите на „кариоките“ беа лути бидејќи нивните миленици беа елиминирани уште во четвртфиналето од Светското првенство

објавено: 9 јули 2018 - 08:30

Непријатен дочек имаа фудбалерите на Бразил враќајќи се од Мундијалот во Русија. По слетувањето во татковината, играчите влегоа во автобусот, но не очекуваа дека тогаш ќе наидат на лути и разочарани навивачи. 

На аеродромот обезбедувањето било големо, па немало поголеми инциденти. Сепак, кога автобусот излегол на улица, група фанови, наоружани со камења и јајца започнаа да фрлаат револтирани од играта и резултатите постигнати на планетарниот собир. 

Избраниците на селекторот Тите беа елиминирани во четвртфиналето, кога со 2:1 загубија од Белгија. Бразил кој е рекордер со пет светски титули, последен пат се радувал на златото во 2002 година на шампионатот во Јапонија и Јужна Кореја. 

Најново во Меѓународен Фудбал