ПРОГНОЗА НА „ЕСПН“

Како без Роналдо: Доаѓаат нови „кралеви“ на Бернабеу!? (Фото)

Пред „кралскиот" клуб сигурно има многу работа до почетокот на новата сезона, откако нивниот досегашен најдобар играч Кристијано РОналдо одлучи да си замине и се пресели во Јувентус.

објавено: 18 јули 2018 - 19:30

Актуелниот шампион на Европа веќе бара замена за Роналдо, а спрема пишувањето на шпанските медиуми, прва желба на Реал Мадрид е Еден Азар.

Шпанците веќе контактирале со Челзи, но не само поради белгискиот репрезентативец, бидејќи на „мета" се наоѓа и неговиот соиграч од националната селекција, голманот Тибо Куртоа.

„ЕСПН" објави како би можел да изгледа составот на Реал за наредната натпреварувачка сезона 2018/2019. Значи, на голот Куртоа, потоа во одбранбената линија Карвахал, Рамос, Варан и Марсело. Потоа, во средниот ред Касемиро, Крос и Модриќ, а нападот би го пополниле Бејл, Азар и Бензема.

Најново во Меѓународен Фудбал