БРАЗИЛЕЦОТ МУ БЕШЕ СОИГРАЧ НА ПОРТУГАЛЕЦОТ

Кака знае зошто Роналдо го напушти Реал!

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата, а тоа го докажуваат неговите фантастички бројки.

објавено: 17 јули 2018 - 17:50

Реал Мадрид во вторникот сигурно се прости од веројатно најдобриот играч кој го имале на „Сантјаго Бернабеу".

Португалецот постигнал поголем број голови за Реал, отколку што одиграл натпревари, на 438 мечеви во листата на стрелците се запиша дури 451. пат.

Во изминатиот период слушнавме голем број на коментари околу најголемиот трансфер ова лето, а неговиот поранешен тимски колега Кака истакна една причина зошто Португалецот го напушти „кралскиот" клуб:

„Кристијано е многу искусен фудбалер, има 33. години и целосно ја разбира ситуацијата. Одлуката од негова страна да се пресели во Јувентус е многу свесна. Знаеше дека е време за промена. Тој веројатно си кажал себеси постигнав се што можев со Реал Мадрид и сакам сега направам нешто слично и да ја одржам мотивацијата".

Кака ја имаше привилегијата да игра заедно со Роналдо за кој вели дека е професионален, силен во неговиот ум, секогаш ужива во фудбалот и ќе го запамети како еден од најдобрите играчи во светот.

Најново во Меѓународен Фудбал