СИНОЌА И ДЕФИНИТИВНО ИМАШЕ НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ФУДБАЛ

Јунакот на Швајцарија открива како неговиот татко бил затворен во српски затвор

Гранит Џака е роден во Швајцарија, но неговите родители се од Косово. Татко му дури бил и во српски затвор за време на протести во оваа тогашна југословенска покраина

објавено: 23 јуни 2018 - 16:35

Шавјцарија синоќа ја победи Србија со 2:1 во меч кој за многумина дефинитивно беше повеќе од само фудбаска битка. Србија водеше на полувремето, но Гранит Џака и Џердан Шаќири погодија во второто полувреме за целосен пресврт и треиумф на Швајцарија. 

Интересно е што двајцата стрелци за Швајцарија имаат потекло од некогашната Југословенска покраина Косово, која потоа беше дел и од Србија, се до прогласувањето на независноста. Стрелецот на првиот гол, Џака, е роден во Швајцарија, каде неговите родители побегнале од Косово. 

Џака открива дека неговиот татко Рагип поминал три и пол години во блеградски затвор, затоа што како студент, во далечната 1986 година бил дел од демонстрациите во 1986 година. Таткото на Џака бил осуден на шест години затвор, а бил сместен во келија со уште четворица. Секој ден имале само 10 минути можност да излезат надовр. 

„Колку што знам, првите неколку месеци додека бил во затвор биле во ред. Но потоа почнале секој ден да го тепаат. Неговата приказна, многу ме погоди. Таа трагична приказна остана длабоко во моето срце“, открива Гранит.

Шавјцарскиот репрезентативец вели дека е горд што потекнува од Косово, каде неговиот татко се борел за правата на Косоварите. 

„Тој беше горд Косовар и мислеше дека тој народ има право да протестира. Се борел за неговите права, а тоа е демократско. Не се работеше само за него. Биле уапсени и многу други луѓе, меѓу кои и неговиот вујко. Тој беше уапсен неколку години претходно и добил 15 години затвор. Тоа беше чисто политички“, додава Џака.

Казната на татко му Рагип била намалена и биле пуштени заедно со вујко му. Никој од неговото семејство не ни знаеле дека се пуштени на слобода, додека не се појавиле пред домовите. Многу брзо потоа, семејството Џака решиле да ја напуштат земјата и пребегале во Швајцарија. Таму се родени Гранит и неговит брат Таулант. Интересно е тоа што Таулант реши да игра за Албанија, додека Гранит ја одбра Швајцарија за своја фудбалска татковина. 

Најново во Меѓународен Фудбал