ВРАБОТЕНИТЕ НЕ САКААТ ДА СЕ ЖРТВУВААТ ЗА ЈУВЕНТУС

Вработените на Фиат на штрајк поради Роналдо

„Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за купување фудбалери", се наведува во соопштение на синдикатот на работници.

објавено: 12 јули 2018 - 14:42

Вработените во фабриката на Фиат Крајслер најавија штрајк поради најавата дека компанијата ќе го плаќа трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. Од едни избори се шпекулира дека Фиат ќе ја плати годишната плата на Роналдо која изнесува 30 милиони евра во период од три години, а според други ќе го платат трансферот кој изнесува 100 милиони евра. Како и да е, тоа се многу пари, додека работниците економски се жртвуваат.

„Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за купување фудбалери", се наведува во соопштение на синдикатот на работници.

Тие додаваат дека работниците долги години се изложени на редуцирање на трошоците и дека платите не им се сменети повеќе од една деценија.

„Дали е нормално една личност да заработува милиони, а илјадници семејства да не можат да преживеат до средината на месецот?", прашуваат синдикалците.

Клубот и автомобилската компанија се под контрола на инвеститицката холгинг компанија Ексор, на фамилијата Ањели.

Најново во Меѓународен Фудбал