СРЕЌЕН ДЕН ЗА ПОРТУГАЛЕЦОТ ВО ДРЕСОТ НА СТАРАТА ДАМА (2-1)

Стрела и веднаш нови рекорди: 400. голови за Роналдо во кариерата! (ФОТО+ВИДЕО)

Во денешната програма од четвртото во најсилното италијанско првенство, Јувентус го забележа и четвртиот триумф по ред.

објавено: 16 септември 2018 - 17:00

Бранителот на трофејот пред своите гледачи ја оправда фаворитската улога против Сасуоло (2:1) благодарение на првите голови во дресот на „Старата дама", Кристијано Роналдо. Гостите само го ублажија поразот преку Бабакар (90+1).

Португалецот најпрвин во 50. минута ја погоди празната мрежа на гостите за водство, а во 65-та после асистенцијата на Џан го постави и конечниот епилог. Воедно дојде и до јубилеј 400. погодоци во неговата клупска кариера. Три имаше со Спортинг Лисабон, 84 со Манчестер Јунајтед, 311 со Реал Мадрид и сега двата со Јувентус.

Без победник завршија пресметките Рома-Киево (2:2) и Удинезе-Торино (1:1), додека Џенова со 1:0 беше подобра од Болоња за вкупно втора победа сезонава.

Македонскиот интернационалец кај домаќините Горан Пандев настапи до 62. минута, а во 69-та Пјатек ги донесе трите бода на „Луиџи Ферарис".

Вечерва ќе се одиграат уште два натпревари, од 18:00 часот силите ќе ги одмерат Емполи-Лацио, а од 20:30 се сретнуваат Каљари-Милан.

Најново во Меѓународен Фудбал