СТАРТ НА НОВА СЕЗОНА ВО НАЈСИЛНОТО ИТАЛИЈАНСКО ПРВЕНСТВО

СПРЕМНИ ЗА СЕРИЈА А: Јуве пак шампион, а Роналдо најдобар стрелец!? (ФОТО)

Изминатите сезони Серија А беше далеку зад Премиерлигата и Примера, а тоа се гледа и по бројот на играчи на врвот од фудбалските натпреварувања - поточно во полуфиналето на СП.

објавено: 18 август 2018 - 12:00

-КОЈ ЌЕ БИДЕ ШАМПИОН НА ИТАЛИЈА ЗА 2018/19? ПОВТОРНО ЈУВЕ, ИЛИ НЕКОЈ ДРУГ-

Со оглед на долгогодишната доминација, а сега со доведувањето на Кристијано Роналдо и заедно во нападот со Дибала и еден избалансиран тим, повторно „Старата дама" ја има фаворитската улога за титулата. Со тоа се согласуваат и англиски букмејкерите, квотата за Јуве е само 1,40 .

Следниот фаворит е Наполи, со квота од 7, а слична бројка има и Рома. Потоа, Интер иако не дојде до потписот на Лука Модриќ, е рангиран како четврти фаворит за „Скудетото". На „Росонерите" речиси никакви шанси не им даваат шанса за титулата, коефициентот е дури 20, а шансите на Лацио се уште полоши, особено после разделбата со Фелипе Андерсон, квотата падна под 50!

-КОЛКУ БЕА АКТИВНИ ЈУВЕНТУС, РОМА, НАПОЛИ, ИНТЕР И МИЛАН НА ТРАНСФЕР ПАЗАРОТ-

ЈУВЕНТУС: КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (117 МИЛИОНИ ЕВРА), ЖОАО КАНСЕЛО И ДАГЛАС КОШТА (ЗАЕДНО 40 МИЛИОНИ ЕВРА), ЛЕОНАРДО БОНУЧИ (35 МИЛИОНИ ЕВРА), МАТИЈА ПЕРИН (12 МИЛИОНИ ЕВРА), ЕМРЕ ЏАН (БЕСПЛАТНО).

РОМА: ХАВИЕР ПАСТОРЕ (24,7 МИЛИОНИ ЕВРА), ЏАСТИН КЛАЈВЕРТ (17,25 МИЛИОНИ ЕВРА), АНТЕ ЧОРИЌ (6 МИЛИОНИ ЕВРА), ДОЈДЕ И ГРЕГОАР ДЕФРЕЛ (САСУОЛО), А ГИ ПРОДАДОА АЛИСОН (62,5 МИЛИОНИ ЕВРА) И РАЏА НАИНГОЛАН (38 МИЛИОНИ ЕВРА).

НАПОЛИ: ФАБИАНО РУИЗ (30 МИЛИОНИ ЕВРА), СИМОНЕ ВЕРДИ (25 МИЛИОНИ ЕВРА), КЕВИН МАЛКУЈТ (12 МИЛИОНИ ЕВРА), ГО ПРОДАДОА ЖОРЖИЊО ВО ЧЕЛЗИ ЗА 57 МИЛИОНИ ЕВРА.

ИНТЕР: РАЏА НАИНГОЛАН (38 МИЛИОНИ ЕВРА), ШИМЕ ВРСАЉКО (6,5 МИЛИОНИ ЕВРА), МАТЕО ПОЛИТАНО (ПОЗАЈМИЦА), ЛАУТАРО МАРТИНЕЗ (16 МИЛИОНИ ЕВРА).

МИЛАН: ЗА ДА ОСТАНЕ БЛИСКУ ДО БАЛАНСОТ ПОРАДИ ФИНАНСИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ НАПРАВИЈА МИНИ РАСПРОДАЖБА (БОНУЧИ, КАЛИНИЌ, НИАНГ, ЛАПАДУЛА...), ДОЈДЕ МАТИЈА КАЛДАРА, А ЗА ЕДНО-ГОДИШНА ПОЗАЈМИЦА ГО АНГАЖИРАА ГОНЗАЛО ИГУАИН ПЛАТИЈА ДУРИ 18 МИЛИОНИ ЕВРА КОЈ НЕМАШЕ МЕСТО ПОКРАЈ ДИБАЛА И РОНАЛДО ВО ЈУВЕ.

-ДАЛИ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ЌЕ БИДЕ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ? ФАВОРИТ СПОРЕД ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ-

Серија А ја има најдобрата напаѓачка тројка по бројот на голови - Кристијано Роналдо, Гонзало Игуаин и Един Џеко комбинирано за своите клубови постигнале повеќе (782.). Следени од напаѓачите на Ла Лига - Лионел Меси, Карим Бензема и Луис Суарез (732.) и Бундеслига (544.), Премиерлига (528.) и Лига 1 (436.) голови.

Покрај горенаведените Џеко - Игуаин - Роналдо, одлични стрелци се уште Пауло Дибала и Андреа Белоти, а минатата година најмногу доминантни беа Чиро Имобиле и Мауро Икарди, па борбата за „Златната копачка“ ќе биде густа!

Коефициентите на Роналдо како најдобар стрелец се вртат околу 1,65, а зад него се најдобрите стрелци од минатата година на кои букмејкерите не им веруваат премногу - квотата на Икарди е околу седум, а околу 9,5 на Имобиле.

Следени од Гонзало Игуаин, чиј коефициент е само малку повисок од Имобиле, а потоа следува босанскиот „Дијамант" Един Џеко.

-СЕРИЈА А-

1. коло, двојки (Сезона 2018/19)
Сабота, 18.8.

Киево - Јувентус (18:00 ч.)
Лацио - Наполи (20:30 ч.)

Недела, 19.8.

Торино - Рома (18:00 ч.)
Парма - Удинезе (20:30 ч.)
*Милан - Џенова (одложено)
Емполи - Каљари (20:30 ч.)
Сасуоло - Интер (20:30 ч.)
*Сампдорија - Фиорентина (одложено)
Болоња - СПАЛ (20:30 ч.)

Понеделник, 20.8

Аталанта - Фросиноне (20:30 ч.)

*Напомена дека два меча се одложени поради трагедијата која се случи во Џенова каде што се сруши мост и според последните информации загинаа 39. лица.

-КОГА ЌЕ СЕ ОДИГРААТ ИТАЛИЈАНСКИТЕ ДЕРБИ ПРЕСМЕТКИ-

Најново во Меѓународен Фудбал