Иако е со скршен нос и со повреда на рамото...

СОРЕНТИНО МУ ПРОСТИ НА РОНАЛДО: Ти благодарам легендо!

Голманот на Киево, Стефано Сорентино беше воодушевен од постапката на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој беше многу загрижен за неговата здравствена состојба, односно повредата која му ја нанесе на премиерниот меч од Серија А...

објавено: 20 август 2018 - 14:15

Голманот на Киево, Стефано Сорентино беше воодушевен од постапката на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој беше многу загрижен за неговата здравствена состојба, односно повредата која му ја нанесе на премиерниот меч од Серија А...

Во едeн од многуте дуели од пвото коло од серија А, после ударот со официјално најдобрито фудбалер на светот, чувар на мрежата на Киево, заврши онесвестен, со скршен нос и со повреда на рамото.

А во 89. минута, кога Сорентино лежеше на тревата без свест, фудбалерите на Јувентус постигнаа гол. Нo ВАР технологијата пресуди" дека погодок нема. На крајот, Киево загуби со (3:2), а на своето деби за Јуве, Роналдо не постигна гол.
Во меѓувреме, Сорентино се опорави, па откри што точно се случи во саботата навечер.

„Роналдо ми испрати порака, беше многу загрижен за она што се случи. Го интересираше дали сум добро. Ти благодарам легендо" - напиша Сорентино на својот Твитер профил.

 

Најново во Меѓународен Фудбал