Роналдо веќе е во Торино, ова се сите рекорди кои може да ги урне во Јуве

Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо може да постане првиот играч кој ја освоил Премиер-лига, Ла Лига и Серија и бил најдобар стрелец....

објавено: 30 јули 2018 - 11:53

Кристијано Роналдо веќе е во Торино. Португалскиот фудбалер во дресот на Јувентус може да урне нови рекорди. 

ПРВ ИГРАЧ КОЈ МОЖЕ ДА ЈА ОСВОИ ПРЕМИЕР-ЛИГА, ЛА ЛИГА И СЕРИЈА А

Ниту еден играч во историјата не успеал да ја освои титулата во Англија, Шпанија и Италија. Со оглед на тоа дека Јувентус освои седум скудета во Серија А, се чини дека ова е еден од првите рекорди кои Роналдо може да ги постави во новиот дрес.

ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ СО ТРИ РАЗЛИЧНИ ТИМА

Кларенс Сидорф е единствениот фубалер кој ја освоил Лигата на шампиони со три различни тима: Ајакс, Реал Мадрид и Милан (двапати). Роналдо би можел со Јувентус да го изедначи рекордот на Сидорф, со оглед на тоа дека трофејот веќе го има подигнато со Манчестер Јунатед и Реал Мадрид (четири пати). 

ОСВОЈУВАЊЕ НА ШЕСТ ЕВРОПСКИ ТИТУЛИ

Откако Реал Мадрид освои четири титули во ЛШ, Роналдо дојде до бројката од пет подигнати пехари во својата колекција благодарение на Јунајтед, со кого стана шампион во 2008 година. Само еден играч, легендата на Реал Пако Генто, освоил повеќе. Некогашната шпанска легенда во својата колекција има шест титули, со Реал доминираше од 1956 до 1965 година. Само една титула му е потребна на Роналдо за да го изедначи овој рекорд.

ШЕСТ ЗЛАТНИ ТОПКИ

Исто како и Лионел Меси, Роналдо може да се пофали со пет „Златни топки“. Од 2012 година беше зад ѕвездата на Барса, но во минатите пет години оваа награда ја освојуваше четирипати, со добра сезона во дресот на италијанскиот тим може да дојде до шестото признание. 

ПЕТТА ЕВРОПСКА „ЗЛАТНА КОПАЧКА“

Роналдо ја освојуваше европската „Златна копачка“ во четири наврати, еднаш како најдобар стрелец во Премиер-лига со Манчестер Јунатед во сезоната 2007/08, а потоа во Шпанија 2010/11 и 2014/2015, додека исттото признание го подели со Суарез во сезоната 2013/14. Меси сепак му „бега“ со пет трофеја, но Роналдо може да постане првиот освојувач на „Златната копачка“ во Серија А и Италија по Тоти во сезоната 2006/07, кога постигна 26 гола.

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ ЗА ЈУВЕНТУС ВО СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА

Доколку постигна повеќе од 36 гола во Серија А, Роналдо ќе постави нов клупски рекорд, које во соопстевност на Ференц Хизер (35 гола) во сезоната 1925./1926.

НАЈМНОГУ ГОЛОВИ ВО СЕРИЈА А

Јувентус во своите редови веќе има играчи кои постигнале најмногу голови во една сезона, Игуаин, има 36 гола, што пак нема да биде лесна задача за Роналдо. но нема да биде првпат ако постигна над 36 голови, со оглед на тоа дека во сезоните 2010./2011, 2011./2012 и 2014./2015 тоа веќе го стори

НАЈМНОГУ ХЕТ-ТРИКОВИ ВО ЛШ

И Роналдо и Меси имаат по седум хет-трикови во Лигата на шампионите. Со гоглед на неговиот учинок во минатата сезона Кристијано со Јувентус лесно може да ја мине ѕвездата на Барса.

Најново во Меѓународен Фудбал