СЕ СЛУЧИ И ТОА, ПОРТУГАЛЕЦОТ ОФИЦИЈАЛНО ПРОМОВИРАН

Роналдо: Не беше лесно, но го одбрав најдобриот клуб

Кристијано Роналдо и официјално стави потпис на договорот со Јувентус, по што беше и официјално промовиран како ново засилување. 

објавено: 16 јули 2018 - 19:06

Кристијано Роналдо и официјално е претставен како ново засилување на Јувентус. Португалскиот фудбалер излезе пред новинарите...Првото прашање беше очекувано, да објасни зошто токму се одлучи за „Старата дама“.

„Не е лесно да се одговори зошто ја донесов оваа одлука. Јувентус е еден од најдобрите клубови во светот. Добро размислив, пријателите и колегите ме советуваа дека станува збор за клуб за кого можам да играм, затоа одлучив да потпишам за Јуве, кој е најголем тим во Италија. Сепак ќе кажам, неш беше лесно...

Го сакам фудбалот, ги сакам предизвиците. Ова не е само кариера, туку исполнување на сонот. Играв за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, а сега Јувентус. Не можев да размислам подобар исхорд. Ова е нов предизвик во мојата кариера, другите фудбалери се одлучуваат за Кина, Катар или САД, но јас се одлучив за Јувентус“.

Роналдо не го заборави Реал и одличните сезони минати со овој клуб...

„Во Реал минав девет одлични сезони, но дојде време за чекор напред. Ќе се обидам и тука да покажам дека сум врвен играч, ќе тренирам максимално и сакам да покажам колку можам. Многу сум амбициозен. Се надевам дека ќе се помине како што имам замислено. Знам дека ова е тешко првенство, секогаш сум тешки задачи пред себе. Не сакам да седам и да гледам она што сум постигнал, туку да работам напорно и натаму и сигурен сум дека ова ќе биде успешна приказна“.

Мега засилување на Јувентус се надева дека ќе биде среќна ѕвезда и ќе го донесе првиот трофеј во Лигата на шампиони на овој тим. 

„Знам дека трофејот во Лигата на шампиони е она што секој тим го посакува. Сигурен сум дека ќе се бориме за титулата. Не е лесно да се освои тој трофеј, но се надевам дека ќе му помогнам на Јувентус да дојде до него. Се надевам дека ќе бидам среќна ѕвезда за јувентус“.

Најново во Меѓународен Фудбал