Денес е денот „Д“

Раиола дојде во Милано да преговара за кам-бекот на Ибра во Милан

Според медиумите во Италија зделката се „пече" веќе неколку недели, а работите можат да бидатзабрзани по повредата на Џакомо Бонавентура.

објавено: 16 ноември 2018 - 14:15

Агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Раиола денеска е во Милано и најави дека ќе има преговори со раководството на Милан за евентуален трансфер на Швеѓанецот. Според медиумите во Италија зделката се „пече“ веќе неколку недели, а работите можат да бидатзабрзани по повредата на Џакомо Бонавентура.

Играчот од средниот ред доби повреда и ќе биде подложен на операција, а потоа ќе треба да се опоравува најмалку 5 месеци. Некои сајтови тврдат дека Раиола веќе подолго време ја испитува ситуацијата со Милан, по што решил да ги отвори картите токму денеска.

Милан се уште не се спасил од санкциите поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј, но и покрај тоа Ибрахимовиќ бил подготвен да се врати во Милано.

Најново во Меѓународен Фудбал