БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈОМИЛЕНИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА НАВИВАЧИТЕ

После 25 години Маркизио го напушти Јувентус!

После 25 години во клубот во кој ги помина сите категории, Маркизио со раководството на „Старата дама" договори спогодбен раскин на соработката и од денеска е слободен играч.

објавено: 17 август 2018 - 10:30

Детето на „Бјанконерите" дебито го имаше во најтешките години за клубот. Одигра вкупно 389. натпревари за екипата, а постигна 37. голови.

Си заминува како вистински шампион, освои седум титули во Серија А, четири во Купот и три во Суперкупот на Италија.

Покрај Јуве само една сезона играше како позајмица во редовите на Емполи и сите овие години на сите навивачи на италијанскиот шампион беше еден од најомилените членови во тимот.

Најново во Меѓународен Фудбал