Случајот силување повторно актуелен

Полицијата во Лас Вегас бара ДНК од Кристијано Роналдо

Адвокатот на петкратниот освојувач на „Златната топка", вели дека ваквата практика е нормална и не постои ништо изненадувачко во барањето на полицијата.

објавено: 11 јануари 2019 - 13:30

Полицијата во Лас Вегас побара ДНК примерок од ѕвездата на италијански Јувентус, Кристијано Роналдо. Поканата е испратена на италијански и е поврзана со истрагата по обвинението за силување која ј апокрена полицијата по пријаата на Американката Кетрин Мајорга од 2009 година.

Адвокатот на петкратниот освојувач на „Златната топка“, Петар Кристиансен, рече дека ваквата практика е нормална и не постои ништо изненадувачко во барањето на полицијата.

“Роналдо и до ден денешен стои зад тоа дека случката од 2009 година била консензуална, па стандардна процедура е да му биде побаран примерок", додаде адвокатот.

Потсетуваме дека во септември Мајорга го обвини Кристијано за принуден секс. Тогаш петкратен добитник на „Златната топка“ платил 375.000 долари на нејзината сметка за да не покренува обвинение.

Најново во Меѓународен Фудбал