Трауми од селекторското место

По Шведска, Вентура веќе не купува во Икеа

Шведска беше вистински стрес за искусниот стратег

објавено: 3 септември 2018 - 13:00

Довчерашниот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Џампиеро Вентура тврди дека „престанал да оди во продавниците на Икеа" по поразот кој „азурите" го дожувеаја во баражот за СП во Русија од селекцијата на Шведска.

„По Италија-Шведска, јас едноставно престанав да одам во Икеа", изјавил Вентура во интервју за италијанското радио.

„Тешко е кога ќе се разочараш. Сепак, тоа е страница што ја завртев. Сега сакам да напишам нова. Секогаш ме учеа дека во фудбалот, победуваат сите 11 и губат сите 11. Јас сум личност со јасна и професионална совест", изјавил екс-селекторот на Италијанците.

Најново во Другата страна на спортот