Нашиот капитен вчера не тренираше

Пандев повреден, нема да игра против „својот“ Лацио?

Македонскиот репрезентативец има повреда на грбот и е дел од една поголема група фудбалери кои поради повреди најверојатно ќе го пропуштат утрешното гостување во Рим.

објавено: 22 септември 2018 - 13:45

Тренерот на екипата на Џенова, Давиде Балардини има проблеми со повредите пред патувањето во неговиот стар клуб Лацио. Освен Балардини и нашиот капитен Горан Пандев треба да се врати на местото на кое помина пет сезони.

„Пандев имаше проблем со грбот и не тренираше вчера, а ќе видиме дали Сандро може да биде вклучен во тимот. Можам да потврдам дека сигурно нема да играат Лисандро Лопез, Џанлука Лападула и Андреа Фавили“, потврди Балардини.

Кристијан Куамe исто така не се тренира во текот на последните неколку дена, бидејќи стана татко и доколку се појави на „Олимпико" најверојатно ќе почне како резерва.

Најново во Меѓународен Фудбал