ВО ТИМОТ Е УШТЕ ЕДНО ПОЗНАТО ПРЕЗИМЕ, БАРЅАЉИ...

Па, кој вели дека Роналдо не дава голови, четири на дебито! (ВИДЕО)

Нешто што секако ги радува навивачите на „Старата дама". Секако мала шега, но за разлика од Кристијано, јуниор нема проблеми со навикнувањето на италијанскиот фудбал.

објавено: 2 септември 2018 - 13:50

Во саботата синот на Кристијано, Роналдо јуниор дебитираше Јуве, селекцијата до девет години и постигна четири голови во победата над Лученто на гостински терен на периферијата Торино.

Има погодоци и со левата и со десната нога, 5:1 беше крајниот резултат, а занимливо е тоа што играа против една година повозрасни ривали.

Во тимот има уште едно добро познато презиме, Барѕаљи, Матија, синот на стоперот на Јувентус.

На некои 250 километри подалеку, татко му беше во карантин, спремајќи се за дуелот со Парма, во кој не се прослави и останува Португалецот се уште без гол во Серија А.

Најново во Меѓународен Фудбал