Наполи го загуби Романецот за подолго време

Отидоа вкрстените лигаменти на Кирикеш

објавено: 10 септември 2018 - 22:00

Дефанзивецот на Наполи и на репрезентацијата на Романија, Влад Кирикеш, ќе мора на операција по повредата на коленото која ја заработи на дуелот со Црна Гора од Лигата на нации на УЕФА. Романскиот репрезентативец се повреди по само 31 минута на теренот и мораше да оди на дополнителни медицински тестови.

Лекарските прогнози се остварија, а повредата е исклучително тешка затоа што се скинати предните вкрстени лигаменти. Тоа значи дека за Кирикеш следува најмалку 6 месечна пауза, а за Наполи тоа ќе биде голем пех во пресрет на новата сезона и во Лигата на шампионите, но и во тековното првенство во Серија А лигата.

Најново во Меѓународен Фудбал