СЕКАКО НА ПРВОТО МЕСТО Е КРИСТИЈАНО РОНАЛДО ВО ЈУВЕНТУС

Најголемите 10 трансфери ова лето во Серија А

Најсилната италијанска фудбалска лига реализираше звучни трансфери во текот на преодниот рок.

објавено: 17 август 2018 - 19:00

Во продолжение дознајте кои се најголемите Топ 10 летни засилувања во Серија А остварени на трансфер пазарот.

Кристијано Роналдо е дефинитивно на врвот кој го комплетираше својот трансфер од Реал Мадрид во Јувентус за 105 милиони евра.

После Португалецот, следува аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин кој од Јувентус замина на позајмица во Милан.

Ова се најдобрите засилувања во Серија А:
Кристијано Роналдо - Реал Мадрид - Јувентус
Гонзало Игуаин - Јувентус - Милан
Леонардо Бонучи - Милан - Јувентус
Шиме Врсаљко - Атлетико Мадрид - Интер
Стефан де Врај - Лацио - Интер
Симоне Верди - Болоња - Наполи
Џастин Клајверт - Ајакс - Рома
Матија Перин - Џенова - Јувентус
Раџа Наинголан - Рома - Интер
Дарио Срна - Шахтјор Доњецк - Каљари

Најново во Меѓународен Фудбал