ГИ НЕГИРАШЕ ШПЕКУЛАЦИИТЕ

Манџо откри колку време ќе паузира

Со две реченици, Марио Манџукиќ ги охрабри фановите на Јувентус...

објавено: 17 јануари 2019 - 17:15

Фудбалерот на Јувентус, Марио Манџукиќ ги негираше сите нагаѓања кои се појавија во јавноста во последните два-три дена а кои се поврзани со неговата здравствена состојба.

Хрватскиот интернационалец вели дека паузата поради повредата нема да биде повеќемесечна, и дека за неколку недели ќе се врати на теренот.

Популарниот „Манџо" има проблем со бутниот мускул поради што медиумите во Италија се распишаа дека ќе биде подложен на еден оперативен зафат поради кој ќе паузира три-четири месеци.

„Напорно работам како за неколку недели би им се приклучил на соиграчите. Во меѓувреме сум најголемиот навивач на клубот"- наведе хрватскиот фудбалер на социјалните мрежи.

Најново во Меѓународен Фудбал