Милан за првпат со став за промена на кормилото

Леонардо: Иднината на Гатузо не е сигурна

Следните два меча кои можат да бидат пресудни за иднината на Гатузо на кормилото се оние со Емполи и Сасуоло, на гости.

објавено: 24 септември 2018 - 20:30

Генералниот менаџер на Милан, Леонардо и официјално потврди дека клубот ја разгледува опцијата за промена на тренерското место. Иако долго време се шпекулира, сега Леонардо и самиот потврди дека наскоро е можна смета на актуелниот предводник на „росонерите", Џенаро Гатузо.

Тој изрази незадоволство од настапот на тимот на дуелот со Аталанта (2:2), по што Милан остана на 13. место во Серија А лигата.

„Треба да се вратиме во форма во која можеме да доминираме. Треба да се научиме како да се справиме со тензиите и самоуверено да освојуваме бодови од вакви натпревари. Имаме долгорочен проект, а тренерот е дел од него, се разбира. Но ние не можеме да чекаме. На следните натпревари треба да покажеме дека тимот се развива", изјавил Леонардо.

Следните два меча кои можат да бидат пресудни за иднината на Гатузо на кормилото се оние со Емполи и Сасуоло, на гости.

Најново во Меѓународен Фудбал