ВО ТОРИНО ВЕЌЕ ГО НАРЕКОА „МЛАДИОТ РОНАЛДО"

Јувентус има нова голема мета – ЛЕРОЈ САНЕ

Како што пишуваат италијанските медиуми, првиот човек на Јуве, Андреа Ањели веќе знае која супер ѕвезда сака да ја купи откако во летниот трансфер период Кристијано Роналдо дојде во Торино.

објавено: 23 септември 2018 - 19:30

Откако видоа дека е тешко да се стигне до Сергеј Милинковиќ-Савиќ, а особено Килијан Мбапе, претседателот на Јувентус, Андреа Ањели има идеја кој би може да биде наредниот играч кој би можеле да го купат во иднина.

Наводно, Ањели гледа кон Лерој Сане, како еден млад Кристијан Роналдо, и играч кој ќе биде меѓу најдобрите на светот.

Сепак, прашање е колку Манчестер Сити е спремен да ги слуша понудите за Сане, кој е проценет на повеќе од 150.милиони евра.
Исто така и на луѓето во Јувентус им е јасно дека Сане нема да може да биде трансфериран во некое скоро време. Туку дека станува збор за еден долгорочен план на Ањели и соработниците.
Ова лето Јуве потроши 110. милиони на доведувањето на Роналдо. Па прашање е дали „црно-белите" се подготвени да се отворат уште еднаш на европскиот пазар во скоро време.

 

Најново во Меѓународен Фудбал