ШПЕКУЛАЦИИТЕ СТИГНАА И ДО ТРЕНЕРОТ НА ЈУВЕНТУС

Голема „војна“ со Барса? Се огласи и Алегри!

Стратегот на италијанскиот шампон, Масимилијано Алегри присуствуваше на свеченоста во организација на компанијата „Самсунг", која е и една од генералните спонзори на Јувентус.

објавено: 11 октомври 2018 - 18:30

Ниту оваа прилика не можеше да помине без добро познати прашања од италијанските новинари околу шпекулациите кои се вртат околу враќањето на Пол Погба и можниот трансфер на Адриан Рабио, фудбалерот на ПСЖ чиј договор му истекува наредната сезона.

„Погба е играч на Манчестер Јунајтед и ќе играме во два клучни натпревари против него за пласман во наредната рунда од Лигата на шампионите. Рабио? Нема смисла за тоа да зборувам", рече тренерот на „Старата дама".

Секако дека ни следуваат фантастични дуели помеѓу Јуве и „црвените ѓаволи", и Кристијано Роналдо и Пол Погба ќе гостуваат во својот „втор дом" со многу емоции. Кој знае, можеби дочекот во Торино ќе го убеди Французинот да се врати во Торино.

Најново во Меѓународен Фудбал