ГОЛЕМИОТ СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ:

Доаѓањето на Роналдо е сјајно за Италија, освен за Милан!

Додека тренерот на Интрер, Лучано Спалети кажа дека неговиот тим нема да биде во подредена положба поради доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус, некогашниот сопственик на Милан мисли дека тоа ќе има ужасно влијание над „росонерите".

објавено: 17 јули 2018 - 08:30

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус и во Серија А, сигурно ќе има големо влијание на италијанскиот фудбал кој никако не успева да ја достигне онаа стара слава која ја имаше во деведесетите и во раните години на новиот век.

Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони исто така смета дека доаѓањето на Роналдо е одлична работа.

"Вистина е дека доаѓањето на еден таков шампион каков што е Кристијано Роналдо во Серија А е добра не само за Јувентус, туку и за целиот италијански фудбал. Му честитам на Јувентус, на нивните директори, на нивните навивачи. Меѓутоа ова за Милан ќе има ужасно влијание"- потенцираше Берслускони кој лани, после 30.години „газдување", го продаде клубот на кинески инвеститори.

Милан и онака е во големи проблеми затоа што кинескиот сопственик Ли Јонгхонг е во големи финансиски проблеми, и веќе го продава клубот. А исто така „росонерите" се исфрлени од УЕФА натпреварувањата поради кршењето на финансискиот фер-плеј.

 

Најново во Меѓународен Фудбал