САКА ДА ЗАМИНЕ ОД ТИМОТ

Дибала се кае што не го напушти Јувентус

Аргентинскиот напаѓач, Пауло Дибала ова лето беше поврзуван со многу клубови, но на крајот одлучи да стане во Јувентус. 

објавено: 8 септември 2018 - 12:45

Кога Кристијано Роналдо потпиша за „Старата дама“ беше јасно дека еден од напаѓачите ќе мора да го напушти тимот, на крајот тоа беше Гонзало Игуаин, кој замина во Милан. Иако Дибала имаше многу понуди, сепак одлучи да остане во Јувентис, но се чини дека се предомисли.

Италијанските медиуми денеска објавија дека не е задоволен, а причината е португалскиот фудбалер. Аргентинецот веруваше дека сите акции ќе бидат наменети за Роналдо, но засега Алегри повеќе доверба има во Манџукиќ, кој врати со голови.

Дибала веќе го искажал своето незадоволство со својот статус во тимот, па им порачал на челниците на дека сака да си замине во јануари. Во последниот преоден рок имаше понуда од Реал Мадрид, откако одби да го реализира ова лето, сега му порача на првиот човек Флорентино Перез дека сака да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал