И Рома подготвува „шут-карта“ за тренерот

Ди Франческо ќе биде заменет со Пауло Соуза?

Некогашниот тренер на Фиорентина веќе преговара со управата на Рома и наскоро може да го преземе кормилото на тимот од „Олимпико“, шпекулираат во Италија.

објавено: 24 септември 2018 - 22:30

И ситуацијата во редовите на Рома не е розова. Последните информации во италијанските медиуми велат дека раководството на клубот веќе почна да бара замена за тренерот Ди Франческо кој се најде на „тенок мраз" по последните неуспеси на тимот.

Како што се шпекулира во Италија, римскиот клуб има намера да го донесе на кормилото на тимот актуелниот тренер на кинески Тијанџин, Пауло Соуза.

Последните резултати на „волчицата" во италијанскиот шампионат и Лигата на шампионите не го охрабруваат менаџментот на клубот, кој веќе размислува за промена. Информации од клубот велат дека веќе се отпочнати преговори со застапникот на Пауло Соуза, кои треба да се обидат предвреме да го раскинат неговиот договор со кинескиот клуб.

Соуза има искуство со работа во Италија, бидејќи едно време беше тренер на Фиорентина.

Најново во Меѓународен Фудбал