Галијани ги потврди преговорите

„Берлускони во Монца е исто како и Роналдо во Јувентус“

Поранешниот премиер на Италија има намера да купи 70% од акциите во Монца, која, пак, се наоѓа на само 3 километри од местото каде што живее Берлускони.

објавено: 10 септември 2018 - 17:10

Поранешниот заменик-претседател на Милан, Адријано Галијани, потврди дека поранешниот сопственик на „росонерите" Силвио Берлускони сака да го купи фудбалскиот третолигаш во Италија, Монца. Италијанските медиуми објавија дека поранешниот премиер на Италија има намера да купи 70% од акциите во Монца, која, пак, се наоѓа на само 3 километри од местото каде што живее Берлускони.

„Почна како фантазија, искушение, но сега оваа идеја се разви во работна идеја и ние ќе се обидеме да ја завршиме како што треба", потврдил Галијани за идејата да го купат клубот.

Поранешниот заменик-претседател на Милан додаде дека во моментот кога Берлускони ќе влезе во Монца тоа ќе има ист ефект како доаѓањето на Роналдо во Серија А.

Најново во Меѓународен Фудбал