ПОБЕГНАЛ ОД ДОМА И ПИТАЧЕЛ ЗА ДА СТАНЕ ФУДБАЛЕР

Иранскиот голман кој му одбрани пенал на Роналдо, пред седум години бил бездомник

Големите натпреварувања секогаш носат интересни приказни поврзани за оние помалку познати фудбалски имиња. 

објавено: 27 јуни 2018 - 15:30

Големите натпреварувања секогаш носат интересни приказни поврзани за оние помалку познати фудбалски имиња. Најновата доаѓа од Иран, а главната улога ја има голманот од оваа земја Алиреза Сафар Беиранванд. До дуелот со Португалија речиси никој не знаеше за него, но се сè промени откако му одбрани пенал на еден од најдобрите фудбалери во светот Кристијано Роналдо.

Во 53. минута се најде очи во очи со Роналдо, кој со голема самодоверба застана на белата точка, иако не шутираше лошо, Иранецот го прочита.

Одбраната на Беиранванд немаше да биде чудна, доколку јунакот на Иран пред седум години не бил - бездомник. Роден е во номадско семејство, поточно во село во Западен Иран, кое брои околу 1.000 луѓе. Како мал со својот татко чувал овци. Неговата желба била еден ден да стане фудбалер, но токму неговиот татко бил голем противник бидејќи не го сакал овој спорт.

„Мојот татко не го сака фудбалот затоа не сакаше да играм, затоа морав да чувам овци. Се случуваше да ми ги кине дресовите и ракавиците, па морав да бранам така“, открива Беиранванд.

По неколку годишно селење со неговото семејство, одлучил да побегне и тинејџерските години да ги мине во Техеран.

„Еден ден се качив во автобус и одлучив да ја барам среќата во Техеран. Немав каде да спијам, без бездомник и работев сè за да преживеам. Чистев улици, пицерии..Но, никогаш не се откажав од фудбалот“, се присетува иранскиот голман.

На 15 години почнал да тренира во техеранскиот тим Вахдат, една година подоцна добил шанса да премине во Нафта. Со 19 години успеал да заигра за сениорите, тогаш завршило неговото лутање по улиците.

Од 2011 до 2016 година бил стандарден член на нафта со кого во сезоната 2015/16 стигнале до третото место во елитниот ранг на натпреварување во Иран. Токму овој успех му донел нов трансфер во Персеполис и место во репрезентацијата на оваа земја.

Најново во Меѓународен Фудбал