КОИ СЕ СЛЕДНИТЕ ПЛАНОВИ НА ФРАНЦУСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА?

ИМА САМО ЕДНА ЖЕЛБА: „Зизу“ се враќа во голем стил!

Поранешниот тренер на Реал Мадрид одлучи да направи пауза оваа сезова кога е во прашање тренерската работа, како што пренесува „Л'Екип" веќе се знае кој ќе биде неговиот нов клуб во следната сезона.

објавено: 17 август 2018 - 21:30

Да потсетиме, Зидан одлучи да го напушти Реал Мадрид, откако тимот освои три по ред титули во Лигата на шампионите, а веднаш потоа, тој рече дека следната сезона ќе се одмори.

Некои медиуми шпекулираа дека од одморот нема да биде, бидејќи наводно Зидан требаше да ја преземе репрезентацијата на Франција после Мундијалот, но ова место е очигледно „бетонирано" за Дидие Дешан кој во Русија се закити со светската титула.

Значи, Зидан ќе добро ќе се одмори оваа сезона, а гореспоменатиот извор од Франција објави дека неговата единствена желба е следното лето да го наследи Жозе Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед. Да потсетиме, Мурињо и Зидан се сретнаа во УЕФА Суперкупот во Скопје каде што Реал триумфираше над Јунајтед со 2:1.

Португалскиот менаџер зад себе има две не толку успешни сезони на „Олд Трафорд", од друга страна фановите се соочени со досадниот стил на играта што се преферира. Ниту во пред-сезоната Јунајтед „црвените ѓаволи" не покажаа одлична форма, ниту во првото коло од новата сезона во Премиерлигата дома против Лестер кога едвај победија со 2:1. Поради сето ова, според обложувалниците Мурињо е прв кандидат за отказ оваа сезона во Премиерлигата. Повеќе прочитајте ТУКА

Најново во Меѓународен Фудбал