ЕДНА ГОДИНА ПО ОПЕРАЦИЈАТА

Ибрахимовиќ: Рекоа дека е готово, им кажав дека не е

Шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ објави фотографија од неговото колено по оперативниот зафат минатата година. 

објавено: 3 август 2018 - 12:55

Златан Ибрахимовиќ се повреди кон крајот на сезоната 2016/17 во полуфиналето на Лига Европа, па мораше веднаш да замине на операција на коленото. Многумина предвидуваа дека тука е крајот на неговата кариера, но тој не се откажа, се врати уште посилен.

Ибра во дресот на ЛА Галакси покажа дека е во одлична форма, веќе постигна 15 гола во МЛС. Откако мораше да паузира, преку својот „Фејсбук“ профил објави дека сепак не е готово, без разлика на минатогодишната операција.

„Рекоа дека е готово, но јас им кажав дека не е “, напиша Златан.

 

Најново во Меѓународен Фудбал