НА МУНДИЈАЛОТ ПРЕД 12 ГОДИНИ

И во Берлин имаше пенали: Денот кога Италија го „покори“ светот! (Видео)

„Аѕурите" на Олимпискиот стадион на 9. јули 2006 год. пред скоро 70.000 илјади гледачи на пенали со 5:3 во финалето ја совладаа Франција.

објавено: 9 јули 2018 - 18:30

После регуларните 90. минути беше 1:1, од белата точка уште во седмата минута преку Зидан поведоа најпрвин „триколорите", а во 19-та израмни Матераци.

Финалната битка беше решена после пенал-серијата каде што Италијанците беа перфектни, прецизни беа Пирло, Матераци, Де Роси, Дел Пјеро и Гросо, а на спротивната страна трагичар беше Трезеге.

Тоа беше четвртата титула во историјата за Италија која не успеа да обезбеди пласман на годинешниот Мундијал во Русија, но ќе се обиде да се врати на тронот по петти пат на СП 2022 во Катар.

Најново во Меѓународен Фудбал