КАРАГЕР МУ ЈА „ЗАПРЖИ“ ЧОРБАТА

И тоа го дочекавме: Невил во дресот на Ливерпул

Некогашниот ас на Јунајтед изгуби облог и мораше да го носи дресот на лутиот ривал во текот на телевизиска емисија

објавено: 21 август 2018 - 22:30

Гери Невил изгуби облог и во телевизиска емисија го облече дресот на Ливерпул. А неговиот колега Карагер му спреми и посебно „изненадување". На почетокот на месецот Невил изгуби во шутирање на пенали од Карагер и како дел од договорот некогашниот играч на Манчестер јунајтед требаше да го облече дресот на најлутиот ривал Ливерпул. А Карагер дополнително му ја „запржи" чорбата со тоа што му даде дрес со број 23 на Џердан Шаќири, играчот кој Невил не го цени премногу и остро го критикуваше во претходната сезона.

Сепак, и Карагер во знак на солидарност облече дрес на Манчестер јунајтед, а двата дреса ќе бидат продадени на аукција. Парите ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

Најново во Меѓународен Фудбал