ПОТОП НА КОЦКЕСТИТЕ ВО ДЕБИТО ВО УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ (6-0)

ХРВАТСКА ВО ШОК: Невидена катастрофа на светскиот вицешампион во Елче! (ВИДЕО)

Хрватската репрезентација имаше срамно деби во новото УЕФА натпреварување, Лигата на нации. Во групата 4 од лигата „А", избраниците на селекторот Златко Далиќ неочекувано високо загубија од селекцијата Шпанија.

објавено: 11 септември 2018 - 22:40

„Коцкестите" крајно непрепознатливи, иако ова лето стигнаа дури до финалето на Светското првенство што се одржа во Русија. За црвената „фурија" ова е веќе втор триумф после оној над Англија.

Стрелци на головите во тимот на Луис Енрике беа Саул (24.), Асенсио (33.), Родриго (49.), Рамос (57.), Иско (70.), а во 35. минута автогол си постигна Калиниќ. Воедно беше расипан јубилејот на Ракитиќ кој го одбележа 100. настап во хрватскиот дрес.

УЕФА Лига на нации

Лига „А"

Група 2
Исланд-Белгија 0:3

Табела: Швајцарија 3 бодови, Белгија 3, Исланд 0.

Група 4
Шпанија-Хрватска 6:0

Табела: Шпанија 6 бодови, Англија 0, Хрватска 0.

Лига „Б"

Група 3
Босна и Херцеговина-Австрија 1:0

Табела: Босна и Херцеговина 6 бодови, Австрија 0, Северна Ирска 0.

Лига „Ц"

Група 2
Финска-Естонија 1:0
Унгарија-Грција 2:1

Табела: Финска 6 бодови, Грција 3, Унгарија 3, Естонија 0.

Лига „Д"

Група 2
Молдавија-Белорусија 0:0
Сан Марино-Луксембург 0:3

Табела: Луксембург 6 бодови, Белорусија 4, Молдавија 1, Сан Марино 0.

Најново во Меѓународен Фудбал