НЕМА ПОДОБАР МОМЕНТ

Хрватска никогаш не ја победила Франција! (Видео)

В недела од 17:00 часот на стадионот во Москва за светската титула ќе играат „коцкестите" и „триколорите".

објавено: 12 јули 2018 - 14:40

Хрватска за прв пат ќе игра во едно мундијалско финале, а Франција по трет пат во историјата и ќе се бори за својата втора титула.

Во меѓусебните пет одиграни средби Французите имаат подобар биланс, три победи, двапати ремизирале.

Единствен пат на Мундијалите играле во 1998. година, пред своите навивачи Франција со 2:1 триумфираше во полуфиналето против Хрватска. Шукер донесе водство, но Турам се погрижи за целосен пресврт.

После 20. години хрватските играчи имаат одлична шанса да се одмаздат за тој пораз. Во тој меч како фудбалер за француската селекција настапи сегашниот селектор Дидие Дешам.

СП 1998 Франција-Хрватска 2-1

1999 Пријателски натпревар Франција-Хрватска 3-0

2000 Пријателски натпревар Франција-Хрватска 2-0

ЕУРО 2004 Франција-Хрватска 2-2

2011 Пријателски натпревар Франција-Хрватска 0-0

Најново во Меѓународен Фудбал