ХЕРОЈОТ НА УРУГВАЈЦИТЕ ПРИЗНАВА

Хименез: Знаев каде да скокнам за да дадам гол

Уругвај го победи Египет во дербито на колото во групата Б, а стрелецот на голот Хозе Хименез со глава го совлада противничкиот голман

објавено: 15 јуни 2018 - 17:23

По корнерот на Санчез, Хорхе Хименез скокна и со глава ја испрати топката во мрежата на противничкиот голман. Уругвај забележа победа во 1. коло на Мундијалот за првпат по пауза од 48 години.

Среќен сум не поради голот туку поради тоа што тргнавме со три бода. Натпреварот беше пеколоно тежок. Точно е дека имавме иницијатива, бевме подобри, но противникот одлично се бранеше и ни беше многу тешко да го пробиеме. Меѓутоа во ниту еден момент не испаничивме. Кога требаше да се изведе корнерот во финишот на мечот, почувствував дека треба да истрчам напред. А знам како Санчез ги изведува корнерите. Видов дека имаме четворица играчи во шеснаесетникот но никој не беше на точното место. Како да знаев каде ќе летне топката па таму се затрчав. Скокнав и удрив. Проценката беше точна", изјави Хименез.

Најново во Меѓународен Фудбал