Искусниот Холанѓанец повторно на работа

Хидинк ќе ги носи Кинезите на ЛОИ 2020

Холанѓанецот последен пат беше тренер на екипата на Челзи, а сега повторно му се враќа на селекторскиот предизвик.

објавено: 8 септември 2018 - 22:30

Поранешниот селектор на фудбалските репрезнетации на Холандија и Русија, Гус Хидинк од денеска и официјално е нов селектор на олимписката репрезентација на Кина. Веста беше потврдена и од 71-годишниот стратег кој моментално беше без ангажман.

Холанѓанецот беше на чело на Русија од 2006 година до 2010 година, а под негово раководство Русите стигнаа и до полуфиналето на Европското првенство во 2008 година. Во 2012 година стана тренер на рускиот прволигаш Анжи Махачкала, а последен пат со тренерска работа беше ангажиран во Челзи, кој го предводеше од декември 2015 година до јули 2016 година

Кинезите подготвуваат сериозна селекција за Игрите во Токио 2020 година и имаат сериозни цели за фудбалскиот турнир на кој последен пат настапија на Игрите во 2008 година, кои се одржаа токму кај нив.

Најново во Меѓународен Фудбал