За престижната награда на ФИФА за играч на годината се најдоа Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах. Гризман се наоѓа во животна форма и затоа ова лето имаше понуда од Барселона, но тој остана верен на „јорганџиите".
„Чудно, штета...Трофејот се дели во изборот на ФИФА, така ли? Франција го освои Светското првенство, а нема Французи на листата. Разбирам дека тој е изборот, но за мене е изненадувачки. Заслужив да бидам помеѓу тројцата најдобри", се зборовите на Гризман за „Л'Екип", фудбалерот на Атлетико Мадрид.
Оваа година Гризман ги освои трофеите во Лига Европа и Суперкупот на Европа, индивидуално беше трет на СП зад Модриќ и Еден Азар. Играчот на шпанскиот клуб во 2016. беше во потесниот круг со Роналдо и Лионел Меси.