Голема победа за Шведска на гости во Турција

Гренквист ја остави Шведска во трка за првото место (ВИДЕО)

Косово имаше убедлива победа од 5:0 на гости кај Малта и во последното коло во директен дуел со Азербејџан ќе се бори за првото место во групата. 

објавено: 17 ноември 2018 - 20:14

Репрезентацијата на Шведска стигна до исклучително вредна победа од 1:0 на гостувањето кај Турција во меч од претпоследната рунда во „Б“ Лигата на нации. Единствениот гол за Швеѓаните беше дело на Гренквист од пенал во 70. минута.

Со денешниот успех Швеѓаните можат да сметаат на борба за првото место во групата „2“, а за да дојдат до тоа ќе мора да ја поразат Русија во вторник. Турција завршува на третото место и ќе оди во пониска дивизија.

Косово, пак, победи со 5:0 како гостин кај Малта во петтиот круг од групната фаза на турнирот на Лигата на нациите во лигата „Д“. На тој начин Косово продолжува да биде лидер во групата „3“ и се доближува до првото место во оваа група. За потврда на првото место на Косово ќе му биде потребен добар резултат во последниот меч со Азербејџан, кој пак денеска со 2:0 ја совлада селекцијата на Фарските Острови и остана два бода зад Косово.

Најново во Меѓународен Фудбал