АНГЛИСКАТА ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА СО НОВ ПРЕДИЗВИК

Готово: Џон Тери пред неверојатен трансфер!?

Легендарниот англиски фудбалер ќе потпише договор со Спартак од Москва, пренесуваат британските медиуми.

објавено: 8 септември 2018 - 18:30

Според информациите Џон Тери ги поминал лекарските прегледи и се очекува наскоро да го потпише договорот и официјално биде промовиран како нов играч на рускиот клуб.

Поранешниот капитен на Англија и Челзи би требало да потпише договор на една година. 37. годишниот фудбалер минатата сезона ја помина во Астон Вила, а во Спартак Москва доаѓа како замена за повредениот Самјуел Жиго.

Моментно екипата е на второто место во руската лига, зад Зенит, а оваа сезона ќе учествува во групите на Лига Европа, за противници ги има Виљареал, Ренџерс и Рапид.

Најново во Меѓународен Фудбал