КАКВИ ПРОМЕНИ ОЧЕКУВААТ НАВИВАЧИТЕ НА ЧЕЛЗИ?

Голем ден на „Стемфорд Бриџ“: Доаѓа Ковачиќ, си оди Куртоа!

Информациите велат дека двајца фудбалери ќе си заминат, а двајца ќе дојдат во редовите на лондонските „сини".

објавено: 8 август 2018 - 13:45

Менаџерот Сари не беше многу активен летово, до сега најголемо засилување е Жоржињо, се најавува доаѓање на Матео Ковачиќ кој не е повеќе тајна.

И Лопетеги призна дека хрватскиот репрезентативец има желба да се раздели со „кралевите" и дека најверојатно до крајот на сезоната ќе игра како позајмица во Челзи.

Се очекува да биде ова дел од „трампата", односно белгискиот голман Тибо Куртоа да замине во спротивен правец и за него се очекува Реал Мадрид да плати 35. милиони фунти.

Исто така, премиерлигашкиот клуб најавува ангажирање на нов чувар на мрежата, досегашниот член на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалага. Да додадеме уште дека „Стемфорд Бриџ" се очекува да го напушти Тимуе Бакајоко кој се поврзува со трансфер во Милан.

Најново во Меѓународен Фудбал