„БАВАРЦИТЕ“ ИМ ОДРЖАА ЛЕКЦИЈА НА „СВЕТЦИТЕ“

Голеада на дуелот меѓу Баерн Минхен и ПСЖ во знакот на отпишаниот Санчез (ВИДЕО)

Новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач дебитираше со победа и тоа против ПСЖ (3-1) во рамките на интернационалниот Куп на шампионите.

објавено: 21 јули 2018 - 18:47

Иако ПСЖ на полувремето водеа со 1-0, Баерн Минхен во продолжение „нагази“, со помладен состав им подржа лекција на „светците“ совладувајќи ги со 3-1 во рамките на интернационалниот Куп на шампионите.

Во составите немаше голем број на ѕвезди кои играа на Светското првенство, но тука не беа ниту легендите како Буфон, Робен, Рибери...

Стрелци на головите за Баерн беа Хави Мартинез, Ренато Санчез и Џошуа Зиркзе, додека Тимоти Веа го постигна водечкиот гол за ПСЖ. Во центарот на вниманието беше отпишаниот Санчез, кој во 68. минута постигна неверојатен погодок од слободен удар.

Најново во Меѓународен Фудбал