НИШТО НОВО КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ДИЕГО МАРАДОНА

Го направи „мочко“, па сега бара прошка од Меси

Легендардниот фудбалер, Диего Марадона пред неколку дена ја збуни јавноста со невкусните зборови упатени на сметка на Лионел Меси. 

објавено: 18 октомври 2018 - 10:30

Диего Марадона не размислува многу пред да каже било што. За проблемот на Лионел Меси и Аргентина отиде во крајност: „Аргентина не може да ја води некој кој пред натпревар повеќе од 20 пати оди во тоалет“.

Неговата изјава ги изненади неговите сонародници, особено ако се земе во предвид дека претходно ја фалаше ѕвездата на Барселона.

Но, Марадона за кратко време свати дека претера, неговиот адвокат соопшти дека сака да му се извини на Меси.

„Диего е многу тажен поради зборовите кои ги упати на сметка на Меси. Диего е лидер и секогаш го поддржувал националниот тим, неговата цел беше поинаква, сакаше да објасни дека тој е различен од Меси, немаше намера да го понижи. Сакаше да потенцира дека Меси не се наметнува како лидер. Тој лично ќе му се јави на Меси и ќе му се извини. Верувам дека Лео добро добро знае кое мислиењето на Диего за него и колку го почитува“, рече Мерло.

 

Најново во Меѓународен Фудбал