КОИ ИМ СЕ ОПЦИИТЕ?

Трансфер листа на Баерн: Четворица „отпишани“ за 210 милиони евра!

Кога им истекуваат договорите, дали сакаат сите да си заминат?

објавено: 18 јули 2018 - 18:45

Како што пренесува „Билд", Баерн е подготвен да се откаже од некои многу важни играчи на екипата. Ќе биде ова едно возбудливо лето за навивачите на баварскиот гигант.

Германскиот шампион е спремен да продаде четири имиња, станува збор за Џером Боатенг, Хуан Бернат, Тиаго Алкантара и Артуро Видал.

Ако сите одлучат да си одат, тогаш Баерн мора да биде сериозен во летниот преоден рок со цел да ги надомести потенцијалните заминувања.

Се очекува добра понуда за Боатенг, а за него е заинтересиран ПСЖ. Потоа, за Алкантара борба водат Реал Мадрид и Барселона.

Бернат сака да остане во клубот, па наредната сезона си замине како слободен играч, а што се однесува до Видал моментно е повреден.

Исто така, Арсенал сака да понуди огромни пари за Коман, но тешко дека Германците ќе го пуштат овој млад крилен напаѓач.

Најново во Меѓународен Фудбал